Откако само неколку дена откако почна да функционира изнајмувањето на електрични тротинети на социјалните мрежи беа објавени фотографии од неколку уништени и фрлени возила, сега стигнуваат и првите пријави за кражба.

Порпаролот на Министерството за внатрешни работи Тони Ангеловски за „МКД.мк“ кажа дека досега се пријавени три кражби на електрични тротинети, сопственост на турската фирма „Бин бин“.