Слободан Костовски (70), попознат како Коле, е уапсениот во Србија под сомнение дека го организирал шверцот на два тона кокаин запленет во едрилица на Атлантскиот Океан на пат од Јужна Америка кон Европа.
Костовски е со македонско потекло, роден во Нови Пазар. Тој беше близок пријател со Жељко Ражнатовиќ Аркан.
Костовски во седумдесеттите години учествувал заедно со Аркан во два последователни грабежи во Шведска (Стокхолм и Гетеборг), по што побегнале во Холандија.
Бегството било како во холивудските филмови. Костовски и Фабијани фрлиле пиштол кон Ражнатовиќ кој го прескокнал ѕидот.
Comments are closed for this post.