Во гостиварското село Здуње, гостиварско, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Б.Х.(32) од с.Дуф, гостиварско и малолетник од гостиварско Орќуше, кои во возило „ланчија“, без регистарски ознаки, превезувале огревни дрва без потребните документи.

Возилото и дрвата биле предадени на Шумска полиција за натамошна постапка. Двете лица се задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Станува се почест случај шверцерите на дрва да користат нерегистрани возило кои ги оставаат заедно со дрвата доколку бидат фатени од полицијата.