Раде Трајковски Штекли е конечно зад решетки. Министерот Панче Тошковски најави и ја остварува беспоштедната битка против криминалците и нивните инталации во полицијата.
Штекли или „мачката со девет животи“ како што го нарекуваа сега е безбеден, откако преживеја неколку атентати. Куршум не го биеше. Немаше каде не се обидоа да го пукаат: Kaj него дома, во „Ист Гејт“, во кафуле…
Последниот обид за атентат во Керамидница беше најавен и на Тик-Ток со зборовите “Стиже катаклизма, љуби те брат“.
Се криеше во Белград а падна во близина на Гевгелија, најверојатно во обид да побегне во Грција откако се најде на меѓународна потерница.Покрај Штекли е уапсен и доушник од полицијата, висок полициски инцпектор.
Штекли е близок или е дел од кланот Беланоца-Барон која „оперира“ во тој дел од Скопје. Главни конкуренти на овој клан е Дуѓанџик-Грчец кој е обезглавен по убиството на Орхан Бајрами-Оки во Грција. И од Беланоца главните заршија во затвор со последната акција на МВР.
Па така од Беланоца/Барон во Шутка се најдоа-Шенаси Мислани познат како Шенки Версаче, брат му Мирвет Мислани, како и Абдула Садики и Акиф Мемиши
Comments are closed for this post.