Цели три години Заев, Шеќеринска, Димитров, Пендаровски не убедуваа дека сите надворешни прашања се затворени. Овие денови нивната политика доживува фијаско на надворешен план. Што би рекле народски, заради шарлатанството на СДСМ, граѓаните фигуративно останаа со куси ракави, односно ништо од ветувањата на Заев и Шеќеринска дека ќе не внесат во ЕУ, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Жалосно е што трпи целата држава и целиот народ заради егзибициите на тројца-четворица залутани политичари во Владата кои немаат ниту грам одговорност и срам. Да се потсетиме преку едно видео што говореше Шеќеринска во септември 2017-та година.

Шеќеринска тогаш ветуваше дека договорот за добрососедство ќе ја движи напред земјата, дека поддршката од нашиот сосед на патот кон ЕУ е огромна и слично, а денес гледаме блокада. Очигледно ветувањата што ги давале Шеќеринска, Заев и останатите биле преголеми за да може тоа да го поднесе бугарската страна, бидејќи биле изневерени.

Затоа, уште еднаш сакаме да прашаме. Што договориле во Берлин, односно што прифатиле, Заев, Димитров, Пендаровски и Шеќеринска? Која е цената која треба да ја плати македонскиот народ и Република Македонија, заснована на ветувања и распродавањата од страна на Заев и останативе политичари на македонските национални интереси и интересите на граѓаните?

Што прифатиле СДСМ во однос на историјата и историските личности? Дали можеби се откажале од се што е македонско и се поврзува со националниот идентитет врз кои почива, а тоа се историските личности и случувања?

Впрочем, ако се изразиме со неартикулисаниот крик на Димитров, “Срамота е луѓе” што криете од сопствениот народ што сте се договориле и што сте ветиле. Оваа блокада е единствено вина на неспособната, пазарџиска и шарлатанска политика на меѓународен план на СДСМ и Заев. Затоа е потребна Влада на национален спас и тоа веднаш, за да не испере од овој срам кој ни го нанесоа СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ во овие моменти очекува СДСМ и Владата сите овие кои ги набројував во оваа прес конфренција да кажат што догвориле и што прифатиле во Берлин, односно што во моментов разговараат и што прифаќаат по секоја цена, по принципот на распродавање. Сигналите се јасни,а тоа е дека Зоран Заев ветувал, се заборавил од ветување и сега фактурата го стигнува, порача Арсовски.