Управниот Одбор на АД Електрани го назначи Златко Ќурчиевски за директор на РЕК Битола. Ќурчиевски на оваа позиција доаѓа од местото директор за производство во РЕК Битола.

Златко Ќурчиевски е дипломиран електроинженер, кој во комбинатот работи од 1998 година, каде досега извршувал повеќе одговорни функции.