Земјоделците се уште ја чекаат таканаречената “зелена нафта“ – мерка која имаше за цел двојно да ги намали трошоците на земјоделците, а производството да го направи поевтино и поконкурентно. Во време кога цената на горивата драстично растат , земјоделците се залат дека се соочуваат со нерентабилност.
Од Стопанската комора велат дека нема никаква најава за воведување на таканаречената “зелена нафта“, иако тоа е една од мерките која би им била од огромно значење за земјоделците. Нејзината примена ќе им помогне на земјоделците да ги намалат трошоците за нафатата која ја користат. Ако трендот на зголемување на цената на горивата продолжи и во иднина не се исклучува можноста за зголемување на цената на земјоделските производи
„Тоа е политика на компаниите, дали тие ќе го следат поскапувањето на горивото – со цената, или, пак, со цел да ја задржат конкурентноста, ќе останат на исто ниво, но со намалена заработувачка. Но, секако дека ќе има импликации, значи ако растат енергенсите, сакале или не, веројатно ќе мораат и тие да ги подигнат цените. Но, ќе повторам, тоа е политика на компаниите, многу пати се случувало да останат и на исто ниво, само за да ја задржат конкурентноста“, вели Васко Ристовски, Здружение за земјоделство и прехранбена индустрија.
Во услови кога цената на нафтата вртоглаво расте, земјоделците немаат економска исплатливост, ниту интерес за есенската сеидба. Велат дека земјоделците се во паника и тоа ќе ги натера во голем дел да се откажат од производство на есенските култури.
“Министерот за земјоделство сериозно да пристапи кон оваа проблематика, зашто пред почетокот на есенската сеидба, земјоделците се во паника и не знаат што да прават. Од една страна долгиот сушен период ги одлага активностите, а од друга, постојано им растат производствените трошоци. Ниската откупна цена на пченицата, зголемените трошоци ќе ги натераат голем дел од земјоделците да се откажат од производство на поледелски и зрнести култури. За да не се случи тоа, една од мерките е, министерството што побргу да реагира со „зелената нафта“ изјави Ефтим Шаклев, Асоцијација на земјоделци.
Од министертвото за земјoделство пак информираат дека мерката зелена нафта за земјоделска механизација е во завршна процедура и се очекува до крај на годината да има реализација на истата.
“Измените на Законот за земјоделство и рурален развој, каде е внесена мерката се поминати во мај. Средствата за истите се обезбедени и програмирани во рамки на буџетот на платежна агенција. Во моментот се работи на концепти по кои би се имплементирала истата. Се тестира модел што ќе е одржлив системски на долг рок а што ќе е различен од класичното директно префрлање на пари како кај мерките за директна помош. Се очекува до крај на годината да има реализација на истата“ информираат од МЗШВ.
Мерката беше најавувана како решение од зголемувањето на акцизата за дизелот. Тогаш опозицијата обвини дека ваквата мерка е популистичка и дека не ја остварува вистинската суштина.
Comments are closed for this post.