Намалување на приходите, поголеми гужви во сабота за шопинг и пазарување, намален број на туристи но и на вработени. Ова се дел од негативните последици кои ги посочуваат од Комората на занаетчии, доколку недела се прогласи за неработен ден. Од комората на занаетчии велат дека вакво решение ќе биде кобно за овој сектор, бидејќи туристите во најголем дел за викенд ги посетуваат занаетчиските продавници.

Ако не работат по чаршиите по моловите по сите други улички каде што можат туристите во недела да доаѓаат ќе биде катастрофално погубно за одредени занаетчиски дејности. Падот ќе биде поголем од целата недела, ако работел со нашите муштерии или клиенти една недела со туристите ќе работи еден ден и може ќе направи толкав промет колку што направил или не направил цела претходна недела“, рече Агрон Фазлии- претседател на занаетчиска комора.

Драфт верзијата на предлог законот е во недела да не работат најпосетените места од страна на граѓаните трговските центри и моловите.

Големите трговски центри решија да молчат се додека не го видат на писмено предлог законот со кои се предвидува недела да биде неработен ден. Според проценките половина од вкупниот промет кои што го остваруваат од понеделник до петок односно во работните денови се остварува само во еден ден односно во недела.

Ставот на коморите е дека Владата требала да направи внимателна анализа пред да се носи вакво решение.

Непходно е да се предвидат исклучоци од аспект на тоа дека има одредени процеси во државата кои што неможат и несмеат да застанат од една страна, од друга страна има сектори кои што сакаме да ги стимулираме од кои што имаме големи приходи во државата а со чие застанување би се оштетил не само буџетот туку и би се намалиле работните места“, вели Данела Арсовска- Претседателка на Сојуз на стопански комори.

Според планот во недела е предвидено да работат бензинските пумпи, трговијата со струја, секој вид на транспорт, угостителскиот сектор, медиумите, болниците, телекомуникацискиот сектор, противпожарната служба, погребалните услуги, комуналните дејности, музеите, зоолошките градини и ред други кои во овој период се дефинираат.