Премиерот Зоран Заев најви дека Владата одлучила ја повтори ланската интервенција од денар за килограм предадено грозје, но во зависност од можностите таа финанска помош може да биде и поголема. Како што изјави Заев, дали производителите ќе добијат поголема поддршка од минатата година ќе се знае кога ќе почне откупот.
Премиерот октри и дека се преговара со визбите околу шеќерните единици – да бидат фер поставени како основа на откупувачката политика.
Одржавме состаноци и донесовме одлука да ги помогнеме лозарите како лани, па дури и повеќе. Ќе ги следиме сите можности што ни стојат на располагање. Секако во тековниот период, кога ќе почне откупот, и ќе ги соопштиме сите наши можности. Но, од оваа година имаме дополнителна поволност заради падот на севкупните каматни стапки, веќе и исплатата на откупеното грозје ќе се исплаќа во готово со огромен, поголем процент зашто калкулациите кај визбите покажуваат дека ако земат кредит и веднаш тоа го направат, тогаш, поради поевтините каматни стапки, многу брзо лозарите ќе дојдат до самите пари – истакна Заев.
Comments are closed for this post.