Важноста од долгорочен економски развој и предвидлив деловен амбиент, како и обединување на сите засегнати страни за клучните приоритети што треба да ја подобрат иднината на Северна Македонија, биле потенцирани на он-лајн состанок на премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи со одборот на Македонија 2025, претседателката Вера Ставроф, Мајк Зафировски и Никица Мојсоска Блажевски, извршна директорка на Македонија 2025.
Како што соопшти владината прес-служба, заклучено е дека за домашните компании, од голема важност е подобрување на конкурентноста и продуктивноста, доколку сакаме во иднина да имаме повисок степен на економски развој. Дополнително, потенцирана е важноста од отвореноста за соработка со цел создавање просперитетна економска клима за подобри можности за граѓаните, за стопанството, како и за странските инвеститори.
Премиерот Заев ја истакнал посветеноста на Владата за справување со моментните предизвици како резултат на пандемијата за ублажување на последиците, како и времето кое се посветува од страна на сите економски ресори во Владата за креирање долгорочна стратегија за развој на државата што е неопходно за унапредување на економијата и квалитетот на живот.
Заев посочил дека Владата ја поддржува соработката со Македонија 2025 со оглед на нејзината важност за зацврстување на деловната комуникација меѓу македонската деловна заедница и бизнис дијаспората, со цел продлабочување на соработката, искористување на потенцијалите и пренесување на знаење и позитивни практики.
Владините и претставниците на Македонија 2025 разговарале и за вложувања во образование и зајакнување на човечкиот капитал, иновации, почитување на демократските темели на општеството, борба со корупцијата и грижа за животната средина.
Comments are closed for this post.