Портпаролот Арсовски ја информираше јавноста и за усвоениот Предлог за измени и дополнувања на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со цел да се доуреди начинот на кој радиодифузерите и операторите ќе постапуваат во однос на странските програмски сервиси и почитувањето на авторските и сродните права. Во таа насока се предлага измена на членот 143 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и заради фактот што авторските права се регулирани со Законот за авторското право и сродните права.

Владата донесе заклучок да ѝ препорача на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги до усвојување на предложените измени и дополнувања на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да ја пролонгира примената на подзаконските акти што произлегуваат од ставовите 3 и 4 од член 143 од законот“, пренесе Арсовски.