Администрацијата ќе се намалува и ќе станува се поуслужна кон граѓаните, дециден премиерот Зоран Заев во интервју за МИА. Додава, дека во структурата на таквата администрација  се уште се чувствуваат последиците од масовната партизација на институциите која според него траела 11 години, односно до 2017 и до спроведувањето на како што вели операцијата “заробена држава.” Владата на Република Северна Македонија, вели Заев за МИА, создава администрација која ќе се ослободи од партиските спреги и ќе се посвети на решавање на проблемите на граѓаните и деловните субјекти, почитувајќи ги начелата на законитост и непристрасност при вршењето на должноста.

И сега треба да се одработи, многу да се работи, секој од нас да даде максимум, а тоа важи и за секој од државните службеници. И ете го реперот – кој е спремен да одработи и да биде сервис на граѓаните од кои е платен, не треба да се грижи за ништо. Се разбира, дел од администрацијата природно ќе гравитира кон бизнис секторот, а дел ќе се пензионира согласно законските рамки. Во секој случај, владината политика е јасна – администрацијата ќе се намалува и ќе станува се поуслужна кон граѓаните, истакна Заев.

Во интервју за МИА, премиерот  напоменува дека  Владата, која ја предводел и во овој и во претходниот мандат, работи врз принципите дека нема да има отпуштања заради реваншизам. Напротив, вели, влеговме во процес на длабока реформа на јавната администрација. Неодамна во Собранието по скратена постапка беше   усвоен Закон за прераспределба на административците кои земаат плата а седат дома. Усвојувањето на  законот , тогаш првиот вицепремиер Артан Груби го окарактеризира како постигнување во 100-те дена Влада. Законот беше поздравен од ДУИ, но воздржан во гласањето, тогаш беше Изет Меџити. Тој има двоумење околу прераспределувањето на административците.

Моделот „земи или остави“ остава простор на овие луѓе да им се понудат работни места кои не се соодветни на нивните амбиции и образование или развој или кои не се во согласност со првите планови кога тие луѓе се вработени. Да работеа, со своето искуство денес ќе беа на челните позиции на институциите, посочи Изет Меџити.

Според ново предложениот закон,административците ќе треба да тргнат на работа веднаш, а ќе имаат две можности да одлучат во која институција да бидат систематизирани. Доколку одбијат, им се прекинува договорот за работа. Прашањето за систематизација на административците се актуелизираше во 2018 од тогашниот министер за администрација Дамјан Манчевски, но не беше никогаш завршено.