Се враќаат надлежностите на кавадаречкиот суд кои беа одземени во минатото, порача меѓу другото денеска премиерот Зоран Заев на трибина со кавадарчани, на која присуствуваше и вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Напомена дека Кавадарци и има големо учество во буџетот и оти доаѓаат убави денови за за сите наши граѓани. Ја пофали соработката со градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и општината, во интерес на сите.
-Ние со него можеме да бидеме политички различни во многу други работи, но кога се работи за граѓаните на Кавадарци моја должност како премиер е да им служам заедно со сите министри. Заедно работиме на квалитетни проекти, Кавадарци заслужува поддршка. Наша намера е некаде на крајот на годината да направиме пресек и ние како централна власт дополнително, еден дел од институциите сакаме да ги преместиме на сите општини во државата, како што се примарната здравствена заштита, центрите за социјални работи, институциите од областа на културата ако некаде сеуште не се децентрализирани, одредени нови приходи да создадеме во самите општини, во делот на шумските претпријатија, во делот на земјоделеското земјиште и во делот на други надлежности кои се ресурс за развојот, нагласи Заев на трибина во Домот на културата.
Премиерот на трибината „Силна економија – шанса за сите”истакна дека реформите, новите економски политики и Договорот од Преспа, како и нашето членство во НАТО, кое е во процес на ратификација во парламентите на земјите члени на алијансата, поттикнаа силни и позитивни развојни економски трендови.
Тој потенцира дека дека 2018 година ја завршивме со рекордна вредност на странските директни инвестиции од 624,5 милиони евра, а стабилната политичка клима и поддршката на преку 250 домашни компании, обезбедија зголемен број на нови, добро платени работни места, постојан раст на просечната плата и трендови кои влијае на растот на БДП на државата како индикатор за општествен раст.
Comments are closed for this post.