За десетина дена граѓаните на поштенските шалтери повторно ќе можат да плаќаат сметки за комуналии, а клиентите на Халкбанк да си ги подигаат пензиите, социјалната помош и друго. Според најавите, провизиите за услугите од платниот промет ќе бидат ниски, пишува Вечер.

Граѓаните конечно ќе можат да здивнат, зашто кога ќе се стават во функција за платен промет околу 500-те поштенски шалтери во околу 300 поштенски единици кои ги има низ целата држава, ќе се намалат редиците пред банките кои станаа вообичаени по 12 август, кога Еуростандард банка, која претходно имаше договор со Пошта, остана без дозволата за работа.

Целиот текст овде.