Во второто тримесечие од годинава стапката на слободни работни места изнесувала 1,36 отсто, односно имало 6866 слободни работни места, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Преработувачката индустрија, градежништвото и трговијата се секторите во кои имало најмногу слободни работни места.
Кај преработувачката индустрија слободни биле 2081, во тргоивјата 1232 и во градежниот сектор 1073.
Највисока стапка на слободни работни места има секторот Градежништво 3,46 отсто, додека најмала е стапката во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и изнесува 0,10 отсто.
Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 1,94 отсто.
Североисточниот Регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,41 отсто.
Најмногу биле барани работници во услужни дејности и продажба за што имало слободни 2107 работни места.
Comments are closed for this post.