Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) за 2022 година покажува дека повеќето земји не успеваат да ја запрат корупцијата.
ИПК рангира 180 земји и територии низ целиот свет според нивното воочено ниво на корупција во јавниот сектор, оценувајќи ги со скала од 0 (многу корумпирана) до 100 (многу чиста).
Македонија се наоѓа на 85-то место на листата. Со добиени вкупно 40 поени, од можни 100, Македонија е на иста позиција во однос на перцепција на корупција со Гвајана, Индија, Малдиви, Суринам и Тунис.
Од земјите во регионот, подобро рангирани од нашата земја се Словенија – 41-то место, Грција – 51, Хрватска – 57, Црна Гора- 65 и Косово – 84, додека Србија и Албанија се полошо рангирани и се наоѓат на 101-во место.
На врвот на листата како најмалку корумпирани се наоѓаат Данска, Финска и Нов Зеланд.
Comments are closed for this post.