Голем дел од граѓаните се жалт дека не можат да подигнат пари од сметка и имаат блокирани сметки поради тоа што не ги ажурирале податоците. Во зависност од банката, обврската да пријавите било каква промена на личните податоци е периодична на 3 до 5 години, но граѓаните се револтирани што никој не ги известил или барем да ги потсетил дека се должни да го сторат тоа.

За среќа, банките овозможуваат и електронски да се ажурирате и не наплатуваат за деблокада на сметката, но постарите граѓани кои не го користат електронското банкарство мора да ја завршат оваа обврска на банкарските шалтери.