Во јануари годинава од земјава вкупно се извезени стоки во вредност од 25,534 милијарди денари или 415,058 милиони евра што е за 1,9 отсто помалку во однос на истиот период од претходната година, додека вкупно се увезени стоки во износ од 35.037 милијарди денари, односно 569,598 милиони евра, што е за 1,4 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, трговскиот дефицит во јануари 2019 година изнесува 9,503 милијарди денари или 154,540 милиони евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесува 72,9 отсто.
Најголемо учество во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснато-валаните производи од железо или не легиран челик, не платинирани или не обложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, во јануари годинава земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Бугарија.
Comments are closed for this post.