Дали власта се задолжува над 130 милиони евра со цел изборна корупција. Каде ќе завршат милионите на граѓаните на Република Македонија кои треба да ги враќаат истите со камата? Дали истите се наменети за изборен поткуп исто како сите оние вработувања кои што во моментов се реализираат?

Овие прашања до власта ги упати портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој рече дека дпиралата на задолжување веќе не може да запре и оти СДСМ ја води државата кон инсолвентност.

Само за две години колку што се на власт го зголемија јавниот долг за над половина милијарда евра со што истиот надмина 5 милијарди евра и е над 50% од БДП“, рече Арсовски.

Пред да дојдат на власт СДСМ како што вели Арсовски, ветуваа дека ќе го намали задолжувањето, сега откако се власт, не само што не го намалија туку и енормно го зголемија.