СДСМ залудно се мачи да ги убеди граѓаните дека економијата во земјава блеска. СДСМ откако дојде на власт единствено македонската економија ја турна на колена, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција на Хари Локвенец од владејачката партија.

Од опозициската партија велат дека граѓаните ги чувствуваат лошите економски политики на Заев.

„Над 500.000 граѓани живеат во беда. Околу 18.500 граѓани си заминале од Македонија, од кои околу 8.000 не се вратиле. Даночните приходи во вториот квартал од 2019 година номинално забележале просечен пад од 3,4%. Фирмите во Република Македонија уплатиле за 32% помалку данок на добивка во вториот квартал од 2019 година во однос на истиот квартал од претходната година, а во услови на проектиран раст од 3,5% кај приходите од овој данок за цела 2019 година. Граѓаните од Заев добија покачена акциза за нафта, поскапо гориво и нула капитални инвестиции“, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата сето ова е доволно за распишување на предвремени парламентарни избори.