Македонија со СДСМ и официјално ги прекрши Мастришките критериуми. Јавниот долг е 60.3% и земјата е влезена во категоријата на високо задолжени држави, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

СДСМ континуирано го зголемува јавниот долг, откако се на власт истиот порасна за скоро 2 милијарди евра. Додека само во последните 6 месеци истиот е пораснат за милијарда евра. Власта ја задолжува Македонија, а нема никаков план за развој. Со новиот ребаланс кој е во Собрание се гледа дека се крати од капитални инвестиции и проекти. Во овие тешки моменти нема ниту повеќе пари за здравството, ниту пак инвестиции, велат од партијата.

Оттаму ја обвинуваат владејачката партија и за неподготвеност за корона кризата поради што според ВМРО ДПМНЕ сега се брои уште колку слободни кревети има во болниците.

Целиот хаос во кој се наоѓа државата здравствено – економски е директна последица на СДСМ и нивната неработа. 438 ново заболени вчера се уште еден доказ за тоа. Власта ниту има концепт ниту знае како. Македонија тоне со СДСМ. Заев и Филипче потфрлија, а штетите од тоа се огромни и се бројат во човечки животи, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.