Македонија со Заев е најсиромашната, најкорумпираната и најнесреќната држава во Европа. Економски крах се случува на секое поле. Поради неуспешните мерки над 55 илјади лица останаа без работа, а уште толку не земаат редовно плата. Имаме убедливо најниски стапки на странски директни инвестиции на регионално ниво, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
За периодот од јануари до септември Во Македонија влегле странските директни инвестиции во износ од само 119 милиони евра или 58 евра по глава на жител, а Србија имала над една милијарда или 295 евра по глава на жител. Повеќе странски инвестиции од нас имаат и Бугарија и Албанија, што покажува дека тоа не е поради ковид кризата туку поради нешто друго. Причината е јасна, поради огромната корупција странските инвестиции бегаат од земјава како ѓавол од темјан. Од трета земја според индексот за успешност на странските инвестиции во 2016 година на реномираниот Фајненшл тајмс, денес не сме ниту во првите 50 земји, ама затоа сме најкорумпираната европска земја на 111 место според Транспаренси, се наведува во партиското соопштение.
Од партијата потенцираат дека освен корупцијата, во Македонија галопирачки расте и долгот, па така за една година неспособната власт на Заев го зголеми јавниот долг за нови една милијарда евра со што долгот ја надмина психолошката граница од 60% од БДП.
Додека Македонија осиромашува, се богати само мафијата на власт. Па така сме единствена земја во Европа во која народот нема за леб, а власта јаде со златни лажици, исртакнуваат од партијата.
Comments are closed for this post.