СДСМ и Зоран Заев ги осиромашија граѓаните. 22% од граѓаните едвај преживуваат. 7% од пензионерите се на раб на егзистенција.Секој 5 човек во Македонија под власта на Заев не знае како да го преживее месецот. Околу 500.000 граѓани не можат да си ги задоволат ниту основните човекови потреби. Поради сиромаштијата граѓаните ја напуштаат државата и заминуваат на работа во странство. Откако е СДСМ е на власт секој ден се повеќе се зголемува бројот на иселени од државата, информираат од ВМРО ДПМНЕ.

Граѓаните се иселуваат затоа што во Македонија под власта на Заев економијата е се полоша. Зоран Заев потроши три години од својот мандат на растурање на државата, општествено, економски, безбедносно, и финансиски, наместо ги врати иселените како што вети. Зоран Заев и СДСМ не се способни ништо добро да направат. Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат. Предвремени парламентарни избори час поскоро, велат од Центарот  за комуникации на ВМРО-ДПМНE