СДСМ, Зоран Заев и Кочо Анѓушев продолжуваат да се фалат со инвестициите на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Вицепремиерот Кочо Анѓушев денеска без нималку срам вели дека во Технолошко индустриската развојна зона „Скопје“ ќе има нов инвеститор индиска „Малхотра“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму велат дека ова е инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ, а не на СДСМ.
„Влезот на компанијата беше најавен декември 2016 година, а градежните работи требаше да завршат на крајот на 2017 година. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја најави оваа инвестиција во висина од 9,3 милиони евра. Лагите на СДСМ се секојдневие. Единствена цел им е да ги излажат и изманипулираат граѓаните“, се додава
Comments are closed for this post.