Време е да ја исправиме Македонија. Имаме стратегија и програма за обнова на Македонија. Со проекти и решенија за секој. Економијата е наш врвен приоритет. Планирано е воведување на рамен данок на доход и добивка од 8%. Со ова ќе им ги намалиме трошоците и на фирмите и на граѓаните, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Ќе им овозможиме подобра бизнис клима, со цел отворање на поголем број на работни места. Наместо за данок, фирмите ќе можат средствата кои ќе ги заштедат од предвиденото намалување да го реинвестираат во производствениот процес, во насока на модернизација на работните услови. Ќе има повеќе за работниците. 25% покачување на платите во еден мандат од 4 години.Дополнително се обврзуваме на целосна царинска гилотиња.Македонија ќе биде држава каде може да се води бизнис. И во која секој граѓанин ќе може да успее.СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!, соопштија од ВМРО ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.