Иако за автопатот Кичево – Охрид СДСМ велеше дека е платен прескапо, а проекциите од претходната власт беа дека ќе чини околу 375 милиони евра, сега СДСМ за него ќе потроши дополнителни 187 милиони евра или за половина повеќе од она што беше според проектот проектирано, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата прашуваат и каде ќе заврши разликата од 67 милиони евра од проекциите на министерот за транспорт иврски Горан Сугарески и вицепемиерот Кочо Анѓушев.

Актуелниот министер за транспорт и врски од редовите на СДСМ Сугарески, веднаш по преземањето на власта јавно кажа дека според анализите автопатот ќе чини дополнителни 120 милиони евра, тоа беше во јули 2017 година. По само една година откако не мрднаа ниту еден метар со изградба на автопатот, вицепремиерот на Владата Кочо Анѓушев излегува и вели дека автопатот ќе чини дополнителни 187 милиони евра, или за 67 милиони евра повеќе од неговиот партиски колега Сугарески. Каде ли ќе заврши разликата од 67 милиони евра? Каде ли ќе отидат 67 милиони евра пари на граѓаните? Со истите пари може да се реализираат мал милион други проекти кои се неопходни за граѓаните. Нема да не чуди ако утре излезе Зоран Заев како највисок претставник во Владата, повисок од првите двајца и каже дека автопатот ќе чини 360 милиони евра, под услов да го доправи неговиот брат Вице Заев и со тоа да не убедува дека ќе заштеди можеби околу 400 милиони евра. Од оваа Влада веќе ништо не не чуди, рече на денешната прес – конференција партискиот портпарол Димче Арсовски.

Според него од почетокот на годинава до сега СДСМ ги задолжил граѓаните над 400 милиони евра, а од стартот на мандатот повеќе од 1 милијарда бруто долг.