Во Македонија секој ден расте сиромаштијата, граѓаните одвај врзуваат крај со крај, и не знаат како да го поминат месецот, а фамилијата Заеви вечераат со златен прибор во вредност од над 50 илјади евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додека во Македонија дневно во просек над 150 луѓе се отпуштени од работа и остануваат без својата егзистенција, а над пола милион наши сограѓани живеат со 2 евра дневно, лажниот социјалдемократ Зоран Заев мисли само на сопствениот луксуз и лично богатење.
Над 30 илјади семејства кои одгледуваат тутун, се соочуваат со вистинска голгота при откупот на тутун и не можат да си ги добијат чесно заработени пари.
Според сите истражувања на меѓународни институции измината година во Македонија секое трето дете живее во сиромаштија, ама тоа не го интересира премиерот во заминување Зоран Заев, затоа што него го интересира бизнисот со марихуана за да му обезбеди на своето семејство уште поголемо богатство.Зависноста по пари и богатство на Зоран Заев ја донесе Македонија да биде најсиромашна и најкорумпирана земја во Европа, а граѓаните да бидат најнесреќни. Додека Заеви се гоштеваат со златен прибор, секој ден по 150 фамилии останува без егзистенција, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.