Како по навика, во последните неколку години, Македонија постигна уште еден неславен рекорд. Овој пат рекордот се однесува на македонските плати. Значи, платите за кои што работат македонските граѓани се најниски во целиот регион. Односно, Македонија е на дното со 454 евра просечна плата.

Анадолија направила анализа во која се потврдило дека иако годинава просечната плата во Македонија забележало одредено покачување, сепак просечните македонски плати остануваат најниски во регионот. Просечната плата најмногу порасна во Словенија, за 59,35 евра, а по неа следи Србија со зголемување од 44,19, просечната плата во Македонија забележа раст од 36,31, Хрватска со 18,41, Босна и Херцеговина за 14,26, и најмалку, 8 евра во Црна Гора. Според податоците за октомври месец 2020 година, просечната плата во Словенија е 1.181,35 евра, во Хрватска 890,41 евра, според податоците од ноември месец 2020 година Црна Гора има просечна плата од 525 евра, Србија има над 500 евра просечна плата, Босна и Херцеговина 490,76 евра и Македонија е на дното на листата со 454,31 евра просечна плата.

Сега, вреди да се спомене дека за време кога беа опозиција сегашните властодршци, ветуваа дека во ќе ја зголемат просечната плата и дека таа ќе достигне 30 илјади денари, односно 500 евра. Со истото ветување Зоран Заев излезе и на минатогодишните предвремени парламентарни избори кои се одржаа на 15 јули 2020 година, каде што ветуваше уште повисока просечна плата, односно дека просечната плата ќе ја зголеми на 34 илјади денари. И не само тоа. Заев по митинзите викаше дека ако треба и железни чевли ќе облечел и ќе направел македонските граѓани да работа за просечна плата од 500 евра. Но, еве Зоран Заев како премиер го ситни и вториот мандат, но сеуште е далеку од исполнување на ветувањето од изборите во 2016 година, во кои вети просечна плата од 500 евра, а камо ли да го достигне новото ветување од 34 илјади денари просечна плата. Ниту железни чевли Заев облече, ниту пак народот ја виде ветуваната плата од 30 илјади денари.