Економијата повеќе од 15 месеци тоне, нема реален напредок, а граѓаните се сè посиромашни, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во нивното соопштение.

„Единствена светла точка се странските инвестиции, кои дојдоа во државата и отворија голем број работни места благодарение на добрите политики на ВМРО-ДПМНЕ. Странските инвестиции се моторот на економијата и фактор што продуцира додадена вредност. Сите други сектори тонат поради неодговорните политики на власта“, стои во партиското соопштение.

Власта го гуши релниот сектор, наместо поддршка за домашните компании кои произведуваат и се извозно ориентирани, гледаме како Владата преку Фондот за иновации дели грантови на партиски функционери, дели милионски тендери на новоформирани фирми и дава лиценци за спроведување возачки испити на фирми без ден работно искуство во областа, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното соопштение.

Градежништвото е во застој, велат од опозицијата и посочуваат дека процентот на реализација на капитални инвестиции од почетокот на годината заклучно со јули изнесува само 21.33%, што е историско најниско ниво и е показател на целосна неспособност на извршната власт.