„Владеење на правото како императив за стабилни и предвидливи услови за водење бизнис“, е темата на која ќе се дебатира денеска во Стопанската комора на Македонија.
Стопанската комора на Македонија оценува дека е дојдено времето кога треба прашањето за владеење на правото во земјава да биде предмет на разгледување и од страна на бизнис-заедницата, од причина што тоа е една од битните претпоставки која треба да биде исполнета во целост, за да можеме понатаму да се посветиме на прашањата поврзани со економијата, економскиот раст и подоброто бизнис-опкружување, а за кое е потребна поширока дискусија со претставниците на деловната заедница, научната и стручната јавност, стои во најавата.
Меѓу говорниците на тркалезната маса, информираат, се и шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава Самуел Жбогар, Антони Пешев, Глигор Бишев и други активни чинители кои имаат свој придонес во економско општествениот живот
Comments are closed for this post.