Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, истакна дека интензивно се работи на унапредување на целокупната инфраструктура во земјата. Министерот посочува дека силно се вложува во изградба на нови патишта како и рехабилитација на старите кои со децении биле заборавени.

Ветивме изградба на железницата и тоа го реализираме. Ја гасифицираме цела држава, градиме нови водоводи и канализации. Во овој момент Владата предводена од СДСМ ги реализира историски најголемите инвестици во инфраструктурата“ – истакнува Сугаревски.

Според министерот, се гради насекаде како никогаш до сега.

До сега изградивме и рехабилитиравме преку 500 километри патишта, инвестиции со вкупна вредност од околу 540 милиони евра. Го завршивме автопатот Миладиновци – Штип кој како голем товар го наследивме од ВМРО-ДПМНЕ заради бројните грешки и недостатоци во изградбата. Но бевме решени, автопатат мораше да се заврши со сите безбедносни аспекти за сообраќај“ – посочува Сугарески.