Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска денеска изјави дека во следниот период кога ќе се создадат зконски услови, ќе биде надминато прашањето со царинските стапки за странските инвеститори.

Одговарајќи на новинарско прашање, Царовска рече дека се водат разговори со Стопанската комора и оти во овој период нема законски можности да им се излезе во пресрет на барањата на инвеститорите.

Ова прашање директно ќе го поставите до Министерството за економија. Министерството има разговори со Стопанската комора и сметам дека по завршување на овој период во кој законски има пречки да се остварат тие права, тоа ќе се оствари затоа што е важно и треба да има одреден континуитет. Сметам дека ќе се излезе во пресрет во следниот период кога ќе се создадат законски услови и ова прашање ќе биде надминато, рече Царовска при денешната посета на трансформаторската станица Скопје 4.

Кон крајот на декември, Владата ги намали увозните давачки за одредени компоненти што ги користат странските инвеститори во технолошко-индустриските развојни зони, а од 1 јули овие давачки се вратија по старо.