Овие кратењата се случуваат во период кога Република Македонија има над половина милион граѓани кои живеат во сиромаштија и едвај врзуваат крај со крај, или тоа се 21.9% од вкупното население во државата. СДСМ иако имаше можност година и половина не презема ниту една мерка за реално намалување на сиромаштијата, напротив во економијата продолжија да ги користат бенефитите кои беa спроведени од претходната владата на ВМРО-ДПМНЕ. Дополнително државата е на трето место во светот по младинска невработеност, истата изнесува над 50%, а пред нас се само Јужна Африка и Босна и Херцеговина, ова се официјални податоци на Светска банка. Извршувањето на капиталните инвестиции за девет месеци изнесува само 24.7%, што е очајно најниско ниво на реализација од постоењето на државата до денес. Ова е показател на неработа и незнаење и во никој случај со ваков начин на работа не можеме да очекуваме нови работни места, изјави Митовска
Comments are closed for this post.