Владата го усвои Предлог-буџетот за 2019 година. Предвидено е вкупните приходи во државната каса за 2019 година да изнесуваат 210,8 милијарди денари, а вкупните расходи на 228,5 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 3,2 проценти, а стапката на инфлација на 2 проценти. Буџетскиот дефицит е проектиран на 2,5 проценти или 17,7 милијарди денари што е за 500 милиони денари помалку во однос на годинава.
Дефицитот ќе се покрива од домашни и надворешни извори во зависност од пазарните услови.
Во предлог-буџетот ќе има пари за повисоки плати во здравството, образованието и одбраната, повеќе пари за реформите во социјалната и детската заштита и пензискиот систем, како и средства за воведување „зелена нафта“ во земјоделството.
Предвидени се повисоки плати за 10 проценти за лекарите специјалисти од јануари следната година и уште 5 проценти во септември за сите лекари. Зголемување на платите за пет проценти од септември догодина предвидени се и за просветните работници.
Пет проценти повисока септемвриска плата се очекува да земат и вработените во администрацијата, но во Предлог-буџетот за 2019 година не се предвидени пари за исплата на К-15 во јавниот сектор.
Капиталните инвестиции се проектирани на 25,7 милијарди денари.
Следува негово поднесување за усвојување во Собранието.
Comments are closed for this post.