Земјоделците годинава нема да  ја дочекаат толку најавуваната зелена нафта. Иако беше најавувана пред  есенската сеидба, па до крајот на годината, сепак останува за прв пат зелена нафта земјоделците да добијат во 2019 година.

Вкупната сума на пари предвидени за зелената нафта се уште не е дефинирана но проценките се дека пари на сметка за зелена нафта ќе добијат околу 50 илјади земјоделци.

Крајните пресметки за висината на парите кои ќе легнат на посебни дизел картички за земјоделците ќе зависат и од моменталната цена на дизелот кога ќе се пресметува распределбата на оваа субвенција.

Оваа мерка  имаше за цел двојно да ги намали трошоците на земјоделците, а производството да го направи поевтино и поконкурентно.