Последниот викенд од ноември, љубителите на вино од Македонија ќе имаат можност да ја споделат својата страст за доброто вино на четвртото издание на единствениот и престижен вински салон „Винодонија 2019“.

Ова случување чија цел е да го слави виното и неговата магија и да го подигне нивото на винската култура во Македонија ќе се одржи на 29. и на 30. ноември во хотелот „Мериот“ во центарот на Скопје.

Посетителите на винскиот салон „Винодонија 2019“ ќе имаат можност да се запознаат со 450 етикети вина произведени од 50 домашни и странски винарии и ќе можат да уживаат во една прошетка на вкусови од Демир Капија до Трентино.