До крајот на годината треба да се регистрирааат уште 400 илјади граѓани во електронскиот систем на УЈП, за пријавување данок истакна денеска директорката на УЈП Сања Лукаревска. Од Управата очекуваат засилени посети од страна на граѓаните на крајот на месецов.
Откако ќе се пријават во електронскиот систем, граѓаните мора лично да се пријават и во даночните канцеларии на УЈП. Од Управата велат дека пријавувањето се прави само еднаш и затоа е потребно да дојдат лично поради верификација на личните податоци.
Од Управата за јавни приходи апелираат до граѓаните кои од какви било причини се спречени лично да дојдат во даночните канцеларии на Управата, да се пријават на контакт телефоните на УЈП со цел регистрацијата да се изврши во нивните домови.
Инаку, УЈП ги ослободи пензионерите од оваа обврска доколку пензијата е нивниот единствен приход.
Comments are closed for this post.