Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по барање на Јавното претпријатие „Национални шуми”, денеска ја укина забраната за движење во шуми.
Одлуката за делумна забрана за движење во шума беше донесена на 7 август годинава поради појавата на голем број шумски пожари, а се укинува бидејќи во моментов, согласно добиените информации од терен, нема активни пожари и нема опасност од појава на нови шумски пожари.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека екипите на Државниот инспекторат за земјоделство, Шумската полиција и Државниот инспекторат за шумарство и ловство, и во следниот период ќе ја следат состојбата на терен.
Comments are closed for this post.