УЈП: Се заокружува второто тримесечје од МојДДВ, исплата во февруари

31.12.2019 / 13:17


Управата за јавни приходи соопшти дека денеска се заокружува второто тримесечје од МојДДВ, мерка која се спроведува според Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица. Од почетокот на второто тримесечје кое стартуваше во октомври, заклучно со 30.12.2019 година скенирани се 28,948,878 фискални сметки, остварен е промет од 14.301.474.854 денаривкупениот ДДВ изнесува 1.554.510.671 денари, а повратот од 15 отсто е во износ од 233.176.601 денари или 3.791.000 евра.

Исплатата за второто тримесечје ќе стартува во февруари 2020 година.

Притоа, од УЈП информираат дека за првото тримесечје од МојДДВ, за коешто исплатата започна во декември 2019 година, исплатен е поврат  кај 144.601 граѓани кои во апликацијата МојДДВ внеле валидни трансакциски сметки, во износ од 155.244.780.00 денари.

За граѓаните кои во апликацијата МојДДВ внеле погрешна трансакциска сметка и направиле корекција, информираат дека исплатата ќе се случи во понатамошниот период. Воедно, апелираат корисниците кои не внеле трансакциска сметка, тоа да го направат, по што ќе следува исплатата на повратот.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Економија

Димитриеска Кочоска: Буџетот е далеку од добар и состојбата која ќе ја наследиме е многу тешка

пред 1 ден
Економија

Мицкоски за Платформата 1198: Економијата е нашиот фокус, се обврзуваме на раст на БДП до 5% годишно, отворање на 55.000 работни места, намалување на даноците

пред 5 дена
Економија

Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Платформа 1198“ фокусот е во реализација на капитални инвестиции во износ од 3 милијарди евра

пред 5 дена
Економија

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја укине давачката од 200 денари за пристап на мрежа во сметките на струја

пред 5 дена
Економија

Над 100 илјади невработени имало лани во Македонија

пред 1 нед.
Економија

Ангеловска-Бежоска: Со финансиска едукација, младите имаат повеќе можности да ги остварат сопствените цели, но и да придонесат за економијата

пред 1 нед.
Економија

Велковски: Со пензија под минималната и потрошувачка кошничка од 57.000 денари пензионерите едвај преживуваат

пред 1 нед.
Економија

ОД ЛОШО ПОЛОШО: Илјада евра најмалку му се потребни на едно четиричлено семејство за основните трошоци

пред 1 нед.
Економија

За пензионерите само трошки – Од следниот месец добиваат усогласување од пет проценти

пред 2 недели
Став на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ не можат фабрика за пластични детски автомобили да донесат, а не пак за електрични

пред 2 недели