Барање за продолжување на поддршката и во наредниот период, доставија денеска претставници од угостителската и туристичката дејност кои се сретнаа со вицепремиерката Мила Царовска и владиниот економски тим.
На средбата, како што соопшти Кабинетот на Царовска, се разговарало и за предизвиците во работењето на хотелите, рестораните и туристичките агенции, како и за потребата од носење нови мерки.
Било истакнато дека овие неколку сектори, угостителите, туристичките работници и превозниците, трпат најголеми штети од КОВИД – пандемијата, но со навремено креирање мерки и протоколи од страна на Владата, останале ликвидни и кога не работеа.
-На средбата беше истакнато дека голем број фирми од туристички и угостителски дејности ги имаат искористено бескаматните кредити од Развојната банка, како и финансиската поддршка за исплата на плати. Угостителите истакнаа дека со носењето на протоколите од Владата очекуваат зголемување на посетеноста, од граѓаните, посебно од оние кои ќе ги користат платежните картички, стои во соопштението.
Владата обезбеди 555 милиони евра за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19. Дел од средствата беа за одржување на ликвидноста на компаниите.
Comments are closed for this post.