Додека земјоделците го фрлаат својот род затоа што нема каде да го продадат и не знаат како да го преживеат месецот, СДСМ ја полни администрацијата со партиски функционери кои земаат големи плати од парите на граѓаните.  Во АХВ наместо професионалци се вработуваат претседатели на партиски ограноци на СДСМ и истакнати нивни членови, вели Цветан Трипуновски – Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Агенцијата е искористена како институција за вработување на Александар Гиноски, поранешен претседател на ОО СДСМ Ѓорче Петров, партискиот активист Александар Јованчев, кој е во често друштво на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски. Во Агенцијата, СДСМ го вработи и братот на градоначалникот на Пехчево, Драган Тренчовски, како и Никола Савовски, кандидат за советник во општина Центар од редовите на СДСМ. Атанас Бојчев е еден од поранешните директори на Државниот студентски дом „Скопје“, кој е префрлен да работи и раководи во АХВ, вели Трипуновски.