Зоран Заев преку министерот Трајан Димковски врши најбрутален партиски реваншизам и спроведува чистка во Министерството за земјоделство по принципот од „чистачка до министер“. Над 50 – тина вработени во министерството низ цела Република Македонија се преместени на работни позиции надвор од своето место на живеење, без реална причина, затоа што не размислуваат единствено како СДСМ, вели Цветан Трипуновски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Господине Заев, оттука сакаме да ви порачаме, ниту ќе ги исплашите, ниту ги демотивирате луѓето, вака само дополнително ги мотивирате оваа ненародна власт час поскоро да биде променета. Додека вие и вашите министри се луксузирате на државен трошок, додека земјоделците плачат и молат за помош, додека менувате закон со кој вашите партиски пајташи ќе можат да градат ресторани и хотели на земјоделско земјиште, вработените во МЗШВ се принудени да патуваат километри и километри за да отидат на своето работно место, вели Трипуновски.