Додека има пари за скапи вина и луксузни коктели и јадења за Николовски, Димковски и нивните сопартијци од СДСМ, директорот Селими ги принудува вработените да потпишуваат Спогодба дека се согласуваат платата за мај месец да им биде исплатена во јули. Да добро слушнавте! 500 вработени во АД Водостопанство ќе ја земат мајската плата во јули! Да не беше трагично ќе беше смешно, изјави Цветан Трипуновски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Овој документ кој што е директно признание на власта дека над 500 семејства во АД Водостопанство веќе трет месец немаат земено плата.
Меѓу овие 500 вработени има луѓе кои имаат потреба од секојдневна медицинска помош и им е потребно здравствено осигурување, има луѓе кои имаат кредити, а веќе доцнат со исплата на рати, и луѓе кои имаат мали дечиња кои што чекат храна од своите родители.
Порачуваме, до менаџерскиот тим на АД Водостопанство и до министерот Димковски да престанат да прават притисоци и закани врз вработените кои си ги бараат заостанатите плати а кои што им се чесно и поштено заработени. Ова ли е животот што ветувавте на изборите во 2016 година , а денес си играте со човечките судбини на 500 семејства.
Непроценлива штета трпат и илјадници земјоделци ширум Република Македонија кои чекаат на услугите на блокираното претпријатие. Целосен дебакл. Кој од кој е пооштетен, вели Трипуновски.
Comments are closed for this post.