упчо Николовски и Трајан Димковски, во функција на министри за земјоделство, едно исто земјоделско земјиште дале под концесија на две различни лица, обвини денеска дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

-Ова е Фиком 2, само во земјоделска варијанта, каде овој пат во главна улога се лица функционери на СДСМ. На 26.12.2018 година Љупчо Николовски како тогашен министер за земјоделство склучува договор за закуп на државно земјоделско земјиште во КО Нова Брезница, Кисела Вода со лицето Г.Ѓ. со времетраење од 70 години, а на 17.07.2019 година Трајан Димковски во улогата на министер за земјоделство склучува договор за закуп на истото зземјоделско емјиште кое веќе се наоѓа под закуп, овој пат со лицето В.Т., рече Трипуновски.

Според него, вториот договор за земјиштето е склучен без претходниот да биде раскинат.

-Моментно, формално-правно и двата договора се во правна сила, а и на двата договора како потписник – согласен административниот службеник стои Жанета Горгиевска, која важи за десна рака на Николовски и Димковски. Трајан Димковски го прекршил законот и постапките за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп. Трајан Димковски извршил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 од КЗ. Процедурите се прекршени уште во процесот на објавување. Пред воопшто да биде објавен оглас, МЗШВ преку допис ја контактира Подрачната единица во населеното место каде што се објавува огласот со цел да се информира дали конкретното земјиште е слободно или под закуп. Во конкретниот случај не е пуштен допис до подрачната единица во Кисела Вода која што е надлежна за овој случај, рече Трипуновски.

Тој праша зошто Димковски не испратил допис до подрачната единица на МЗШВ во Кисела Вода и дали знаел дека земјиштето е под закуп или свесно извршил кривично дело. Доколку не знаел, оцени Трипуновски, неговите советници биле должни да го информираат и тој во никој случај не смеел да го даде земјиштето под повторен закуп.

Трипуновски најави дека попладнево ќе даде изјава за медиуми и од село Карбинци