По денешната статистика за драматичниот пад на БДП во вториот квартал од 2020 година од цели -12.7 %, иако од Владата велат дека било очекувано, не говори ни најмалку дека добро сме се справувале со кризата.
Ако се погледнат статистиките во европските земји во споредба со Македонија, Србија има пад од -6,3%, двојно подобро се справувала со економската криза отколку земјава.

Земји кои немаат толку драстичен пад во БДП од европските држави се Литванија со само 4%, Бугарија со -8.5%, Полска со -7.9%, Данска со -8.2%, Романија со -10.5%, Чешка со -11% и Естонија со -6.5%. Македонија е во првите пет земји од ЕУ кои бележат драстичен пад на БДП над 10%.
На овие податоци ако се земе во предвид фактот дека денешната статистика од Државниот завод за статистика во јули месец индустриското производство бележи пад од 9,5 %, намалениот промет на мало, намалување на трговијата на големо за јуни месец, извозот на стоки и услуги кој сега е намален за 32%, увозот за 30.2%, дополнително финалната потрошувачка на домаќинствата паднала за 9.9%, не е чудно што се случува економски дебакл.

Исто така по денешниот објавен „Макроекономски монитор“ од „Finance think“ кој оценува дека има рецесија во македонската економија, со падови во индустријата од -25.3%, трговијата, транспортот и угостителството од -23.4%, извозот од -25.6% и инвестициите за -29.6% покажува дека економијата е затворена и има најдлабока индуцирана рецесија на македонската економија.