На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната 18-та седница, ја разгледана и усвои Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за развој на туризмот за 2020 година. Со тоа транспарентно и ефикасно ќе се вратат средствата директно на сите кои во 2019 година имаат уплатено туристичка такса, соопшти владината Прес-служба.
Министерството за економија за реализација на оваа активност објавува јавен повик и подготвува онлајн апликација каде што сите субјекти ќе поднесуваат електронска апликација со приложување на документација. Комисија формирана од министерот за економија ќе изврши евалуација на апликациите и ќе изготви Записник и Решение за исплата на средства за тие кои исполнуваат услови согласно Јавниот повик.
За реализација на оваа активност во Буџетот се обезбедени средства во износ од 120.000.000,00 денари. За реализација на оваа активност е предвидено износот на грантот да се определи согласно вкупниот приход на правното лице во претходната година, бројот на вработени и типот на лиценцата за работа. Максималниот износ на Грантот за туристичките агенции кои имаат лиценца Б ќе изнесува 180.000,00 денари додека максималниот износ за туристичките агенции со лиценца А изнесува 430.000,00 денари, информираат од Владата.
Од таму воедно појаснуват дека оваа активност ќе се реализира во периодот ноември и декември 2020 година.
Со ова мерка исто така е предвидено доделување на грантови за туристички водичи како самостојни вршители на дејност во Република Северна Македонија.
Право на аплицирање ќе имаат туристички водичи кои поседуваат важечка Лиценца и не се во редовен работен однос. Со мерката е предвидено износот на грантот да изнесува 65.000,00 денари по апликант. Оваа активност ќе се реализира во периодот ноември и декември 2020 година и за истата во Буџетот се обезбедени средства во износ од 9.800.000,00 денари, се наведува во соопштението од седницата на Владата.
Comments are closed for this post.