Трошоците на животот во јуни годинава, во однос на јуни лани, бележат зголемување од 2.7 отсто, а цените на мало пораснале за 4.0 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.
Трошоците на животот во јуни во однос на мај се повисоки за 0.5, а цените на мало за 0.9 отсто.
Пораст на индексите на трошоците на животот во јуни 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 15.7 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.8 %, маслото и маснотиите, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0.7 %, рибата и морските плодови за 0.6 %, месото, млекото, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.3 %, виното, пивото за 0.2 %.
Во јуни, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот, е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт за 27.8 %, услугите за сместување за 4.6 %, медиумите за снимање за 4.4 %, другите печатени материјали за 2.5 %, течните горива за домаќинствата за 2.1 %, книгите за 1.7 %, терапевтските помагала и опремата за 1.1 %, ткаенините за изработка на облека, големите алатки и опрема, рестораните, кафулињата и слично. Производите за лична хигиена поскапеле за 0.6 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 0.5 %, другите услуги поврзани со живеалиштето, неспоменати на друго место за 0.4 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства, другите услуги за опремата за сопствен превоз, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.3 %, обувките, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, туристичките аранжмани за 0.2 %.
Намалување на индексите на трошоците на животот во јуни 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 10.5 %, јајцата за 0.7 % и оризот за 0.2 %.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај собирањето на отпадните води за 3.7 %, гасот за домаќинствата за 2.6 %, електричните апарати за лична хигиена за 1.4 %, малите апарати за домаќинствата за 1.2 %, градините, растенијата и цвеќињата за 0.8 %, домашните миленици и сродните производи за 0.4 %, големите апарати за домаќинствата, моторните возила за 0.2 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Comments are closed for this post.