Просечната цена на квадратен метар станбена површина поевтинела за 4,3 отсто во втората половина од минатата година во однос на првата половина, при што во Скопје намалувањето изнесува 2,8 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.
Минатата година просечната цена на квадратен метар станбена површина изнесувала 44.994 денари, што е за 4,3 проценти повеќе во однос на 2018.
Во Скопје, квадратен метар станбена површина во просек се продавал за 48.204 денари што е за 3,1 отсто повеќе во споредба со 2018 година, додека во останатите населени места во државата просечната цена изнесувала 35.255 денари, или за 6,3 проценти повеќе во однос на 2018.
Наведените просечни цени на квадратен метар станбена површина се без данок на додадена вредност.
Comments are closed for this post.