Место да работат како подизведувачи во други фирми или да бараат вработување во некоја компанија, младите ИТ инженери да ги реализираат своите идеи и да креираат сопствени производи, порачува ЕЕСТЕК Здружението на студенти по електротехника.
Здружението денеска на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија го најави натпреварот „Code app, level up“ чија цел е токму претпримеништвото. Натпреварот ќе се одржува од 15 до 21 април годинава, а рокот за пријавување на учесниците е 25 март.
Претприемништвото е она кон кое младите веќе треба да се вртат. На техничкиот кампус годишно завршуваат по 300 студенти, а според податоците на МАСИТ, во текот на годината се регистрираат над 400 ИТ компании. Тоа значи дека перманентно имаме недостиг на кадар, а и оној што е на располагање, во големот дел од случаите, за жал, работи аутсорсинг или подизведувач за други фирми, истакна претседателот на Здружението Илија Лалковски.
Според него, македонските старт-апи треба да знаат дека мора да се насочат кон создавање сопствени продукти. Само така можеме да градиме додадена вредност.
Информатичките науки се одлична шанса за младите. Дефинитвно ИТ е една од најбрзорастечките индустрии во земјава, а платите се секогаш компетитивни и се зголемуваат. Стануваме еден од старт-ап центрите во Европа, но тоа мора да се развива и надградува, дополни Стефан Митески, член на ЕЕСТЕК.
„Code app, level up“ ќе биде проследен со работилници и предавања, а тимот на ментори, потенцира Митески, е врвен. Најавено е учество и на странски предавачи кои всушност ќе бидат обучувачи за оние со првични бизнис-идеи. Засега се заинтересирани над десетици тимови, но само осум ќе може да се пријават.
Повеќе информации за натпреварот може да се прочитаат на www.calu.mk.
Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.