Не многу одамна граѓаните беа „почeстени“ со поскапување на електричната енергија кое предизвика големо незадоволство кај граѓаните по што беа организирани и неколку протести. За следното поскапување за да не се крева револт од страна на граѓаните на кои веќе им е преку глава од товарот кој им се става на грб, Владата предложи да се намали ДДВ-то на сметките со што на граѓаните барем нема директно да го почуствуваат последното поскапување од 12%. Но, ваквото подмачкување има рок, по што постепено ќе се врати на стапката од 18% за две години.
Според најавите индустриската струјата која што ја користат компаниите ќе поскапи дупло, а струјата која ја користат домаќинствата ќе поскапи за 50%, и ова би бил огромен шок за граѓаните кои и така се соочуваат со финансиски последици кои дојдоа како резултат на пандемијата, губење на работните места итн.
Ваквото поскапување го најавуваат и дописите кои трговците ги добиваат од страна на снабдувачите каде стои: Поради огромниот пораст на цените на берза од скоро 100 проценти во однос на периодот на склучување на договорите, а кои снабдувачот не може да ги предвиди и контролира, приморани сме да ви доставиме нови услови за снабдување со електрична енергија. Ви нудиме нови услови со цел продолжување на нашата соработка во иднина!
Дека ќе има поскапување на струјата по Нова Година признаваат и надлежните, но но не кажуваат за колку и која е стратегијата и дали воопшто имаат стратегија со која ќе се превенира еден таков удар врз граѓаните, бидејќи според сите најави тоа нема да биде покачување од само неколку проценти кое ќе може да се амортизира со начини како што беше намалувањето на ДДВ-то, кое откако ќе се врати на стапката од 18% на поскапената струја ќе биде дополнителен удар за граѓаните.
Едно вакво поскапување на електричната енергија неминовно би довело и до повторно покачување на цените на производите, а на ова предупредуваат од прехрамбената индустрија. Според нив цените на производите до крајот на годината може да се покачат за дури 50%, но премиерот наместо сериозно да ги сфати овие предупредувања и навреме да се изнајде стратегија за превенирање, овие најави ги нарече како претерани.
Comments are closed for this post.